Инвестиција вредна повеќе од 100 милиони евра може да загуби Македонија. Фирмата „Амадеус груп“ од Охрид, која е доверител во фабриката за автобуси „Санос“, бара поништување на продажбата на дел од имотот на фабриката. Од фирмата тврдат дека „Искра мм“ од Скопје, која на почетокот на месецов на јавното наддавање е избрана за купувач на дел од имотот на „Санос“ за 3,7 милиони евра, не ги уплатила парите во предвидениот рок, а извршителот Христо Јованов, од нејасни причини, не ја поништува продажбата и по надминување на рокот за повеќе од 20 дена и покрај барањето на „Амадеус груп“ и на Стопанска банка. Ние контактиравме со извршителот и тој нам ни вели дека не може да направи заклучок за овој предмет иако официјалниот рок беше уште минатиот петок. Извршителот тврди дека имал притисок од некои луѓе. Но тој не ја работи работата како што треба, не го почитува законот, а законите се над се. Ако до понеделник не се направи нешто според законот ние ќе поднесеме кривична пријава. Бидејќи ова се случува сега уште на почетокот да имаме проблеми, како тогаш да дојдеме и да инвестираме во Македонија. Јас сум навистина скептик.
Инвестиција вредна повеќе од 100 милиони евра може да загуби Македонија. Фирмата „Амадеус груп“ од Охрид, која е доверител во фабриката за автобуси „Санос“, бара поништување на продажбата на дел од имотот на фабриката.
Од фирмата тврдат дека „Искра мм“ од Скопје, која на почетокот на месецов на јавното наддавање е избрана за купувач на дел од имотот на „Санос“ за 3,7 милиони евра, не ги уплатила парите во предвидениот рок, а извршителот Христо Јованов, од нејасни причини, не ја поништува продажбата и по надминување на рокот за повеќе од 20 дена и покрај барањето на „Амадеус груп“ и на Стопанска банка - Битола да се поништи продажбата.
„Ние контактиравме со извршителот и тој нам ни вели дека не може да направи заклучок за овој предмет иако официјалниот рок беше уште минатиот петок. Извршителот тврди дека имал притисок од некои луѓе.
- Но тој не ја работи работата како што треба, не го почитува законот, а законите се над се. Ако до понеделник не се направи нешто според законот ние ќе поднесеме кривична пријава.
- Бидејќи ова се случува сега уште на почетокот да имаме проблеми, како тогаш да дојдеме и да инвестираме во Македонија. Јас сум навистина скептик.
- Се работи за големи инвестиција повеќе од 100 милиони евра, ние имаме фирма која гради конструкции на барок стил. Ние веќе градиме во Франција, Приштина, Албанија.
- Оваа инвестиција можно е да вреди повеќе од 100 милиони евра“, изјави Бесим Елшани, управител на „Амадеус груп“.